БРИСЕЛ (АА)- Комисијата на Европската Унија (ЕУ), по исполнувањето на останатите услови од договорот, ја донесе препораката за укинување на визите за граѓаните на Република Турција, кои треба да бидат укинати најдоцна до крајот на месец јуни, јавува Anadoly Agency (AA).
Европската комисија го објави својот трет извештај, поврзан со дијалогот со Турција околу безвизниот режим. Од вкупно 72 наведени критериуми, исполнети се 67, се вели во извештајот, кои се доволни за донесувањето на позитивната одлука во полза на Турција.
Освен критериумите за безвизниот режим, од Турција беше побарано усогласување и почитување на договорот за Прием на мигрантите, зголемување на борбата против организираниот криминал и тероризам, како и испочитување на обврските за поседување на биометриски пасош со личен отисок од прст. Оние кои не поседуваат биометриски пасош, се обврзани истиот да го извадат до крајот на годината, а оние кои поседуваат пасоши без личен отисок од прст, нема да можат да патуваат во ЕУ без визи, се истакнува во извештајот.
-Период на одобрување
Препораката за донесување на одлука за безвизен режим, ќе стапи во сила откако истата ќе биде одобрена од страна на Европскиот Парламент и Советот на Европа. Донесената предлог одлука, првенствено ќе биде предадена на разглед на Комитет за Граѓански слободи, правда и внатрешни работи при Европскиот Парламент ЕП. По евентуалните предлози за измена, одлуката ќе биде дадена на гласање на пленарна седница во парламентот. Потребно е апсолутно мнозинство за изгласување на одлуката.
Од Парламентот , одлуката се носи во Советот на гласање, каде важо двојно мнозинство на гласови. Тоа подразбира дека најмалку 55 % од гласовите на присутните членки треба да бидат во полза на донесување на одлуката. Во овој случај потребно е одобрување од најмалку 16 земји членки. Притоа бројот на вкупното население од земјите кои позитивно гласале, треба да изнесува најмалку 65 % од вкупниот број на население во сите земји учеснички во гласањето. Доколку и на последното гласање биде донесена позитивна одлука, во тој случај истата ќе биде објавена во Службениот Весник на ЕУ, со што ќе се официјализира нејзиното стапување на сила.
-Земји членки во ЕУ Зоната
Доколку дојде до официјално укинување на визите, граѓаните на Р. Турција, од крајот на јуни, ќе можат слободно без визи да патуваат во следните држави: Германија, Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Холандија, Франција, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Италија, Исланд, Латвија, Линхенштајн, Литванија, Луксембург, Унгарија, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Словенија и Грција.
Покрај овие, без визи ќе може да се патува и во град-државите: Монако, Сан-Марино и Ватикан. Турските граѓани ќе можат да остварат туристички престој во наведените држави најмногу 90 дена во рамките на 180 дена.
За влез во Англија и Ирска, земји членки на ЕУ, кои не дел од Шенген Зоната, останува потребата од вадењето на визи.
news_share_descriptionsubscription_contact


