Ilgın Karlıdağ
22 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
БРИСЕЛ (AA) - Најмалку 13 лица загинаа, за 35 се повредени во експлозиите кои утрово се случија на најпрометниот бриселски аеродром Завентем, јавува белгиската државна телевизија, пренесуваAnadolu Agency (AA).
Две експлозии одекнаа околу 8 часот, а на лице место се упатени возилата на брза помош. По кратко време се слушна нова експлозија во метро станицата "Maelbeek" во близина на зградата на институциите на ЕУ.
По експлозиите на аеродромот утрово во Брисел, во цела Белгија, безбедносниот аларм е подигнат на најголем, односно четврти степен.
Сите летови на аеродромот се запрени и пренасочени. По налог на полицијата железничкиот сообраќај во близина на Брисел е запрен. За сега не е позната причината на експлозиите.
Белгиската државна телевизија јави дека аеродромот е евакуиран и дека владее потполна конфузија меѓу патниците. Фотографиите и снимките на социјалните мрежи покажуваат чад од една зграда на терминалот на аеродромот.
Европската комисија упати покана до своите службеници да останат во куќите и да не доаѓаат на работа. Паралелно со тоа, британскиот премиер Дејвид Камерун преку социјалните мрежи ги осуди нападите во Брисел.
„Шокиран сум со случувањата во Брисел и многу сум загрижен. Спремни сме да прижиме секој вид на потребна помош", порача Камерун.
Експлозиите се случија неколку дена по антитерористичката рација во Брисел во која е уапсен Салех Абдеслам, еден од осумничените за минатогодишните терористички напади во Париз.
Според белгиските медиуми, во моментот на експлозијата на аеродромот се наоѓал голем број на патници.