Ekipa
10 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека оние што го сторија последниот напад со хемиско оружје во Дума, Источна Гута, ќе платат „висока цена“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги проколнувам оние што го сторија овој масакр“, рече Ердоган пред пратениците на турската владејачка Партија за правда и развој (AK Parti) во Парламентот.
„Оние што го сторија овој масакр дефинитивно ќе платат висока цена“, порача Ердоган.
Во нападот со хемиско оружје на сирискиот режим врз Дума, кое е последното место во Источна Гута под контрола на опозицијата, загинаа 78 цивили.
- Операцијата во Африн -
Ердоган изјави дека досега од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн се неутрализирани 4.071 терористи.
„Бројот на неутрализирани терористи во Африн ова утро се искачи на 4.071. Во северен Ирак се неутрализирани 337 терористи на ПКК“, изјави Ердоган.
„Нашата борба против тероризмот ќе продолжи сè додека последниот терорист не биде елиминиран“, додаде тој.
- „Многу добро знаеме кому ќе го вратиме Африн“ -
Турскиот претседател истакна декa Турција ќе го врати подрачјето на сирискиот град Африн на своите жители, критикувајќи ги неодамнешните коментари на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Лавров вчера апелираше до Анкара да го врати Африн на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
„Тоа е погрешен пристап. Многу добро знаеме кому ќе го вратиме Африн“, изјави Ердоган за новинарите.
Тој истакна дека Африн ќе им биде предаден на своите жители кога ќе дојде време за тоа. „Но, ние ќе го дефинираме времето“, додаде тој.
Турција на 20 јануари ја започна операцијата „Маслинова гранка“ со цел расчистување на терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ од Африн.
На 18 март односно на 58. ден од операцијата, Турските сили и припадниците на Слободната сириска војска го ослободија градот.
Операцијата „Маслинова гранка“ е започната со цел воспоставување безбедност и стабилност по должината на турската граница и регионот, како и заштита на сириското население од суровоста и опресијата од терористите.