ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, беше гостин на телевизијата „Ротана“, со седиште во Дубаи, и зборуваше за развојот на настаните во регионот и за усвојувањето на предлог-законот за 11 септември во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во разговорот за телевизијата „Ротана“, турскиот претседател зборуваше за изгласаниот предлог-закон за 11 септември „Закон против спонзорите на тероризмот“, со кој се создава право за отворање судски процес против Саудиска Арабија, и изјави дека од правен аспект, Турција ќе соработува со Саудиска Арабија.
„Ја изразуваме нашата тага во врска со прифаќањето на предлог-законот. Во рамките на нашиот циклус на претседавање со Организација за исламска соработка (ОИС), по ова прашање ќе ги направиме потребните чекори. Им препорачав на министерот за надворешни работи и правда со цел да се исправи оваа неправда, да застанат во одбрана на Саудиска Арабија“, изјави претседателот Ердоган, додавајќи дека со Саудиска Арабија ќе го разгледаат спорниот закон на САД и ќе ги направат потребните чекори.
- „Потребна е соработка меѓу исламскиот свет“
Претседателот Ердоган, на прашањето за изјавата на престолонаследниот на Саудиска Арабија, принцот Мухамед бин Најиф, кој изјави: „Со овој закон се цели кон Саудиска Арабија и Турција, затоа сме си потребни еден на друг“, одговори со зборовите:
„Доживуваме невидено омаловажување на исламскиот свет. Турција и Саудиска Арабија се цел. Случувањата во Ирак, Тунис, Сирија, Либија, Пакистан и во Авганистан не може да бидат разгледувани одделно. Ги гледаме сите стапици и планови во кои го буткаат исламскиот свет и затоа земјите од исламскиот свет потребно е меѓусебно да се солидализираат и да соработуваат“.
Турскиот претседател Ердоган, потсетувајќи дека во војната во Сирија досега загинале околу 600.000 лица, додаде дека особено во Алепо, за кусо време се убиени голем број лица. Претседателот Ердоган истакна дека доколку исламскиот свет не воспостави меѓусебна соработка, ќе загуби многу нешта.
Зборувајќи за Мосул, Ердоган изјави: „Мосул припаѓа на неговите граѓани, Телафер припаѓа на неговите граѓани. Никој нема право да дојде и да влезе во овие градови. По ослободувањето на Мосул од милитантите на ДАЕШ, во градот можат да останат само Арапите сунити, Туркмените и Курдите сунити“.
- „Планираме да исчистиме од терористите простор од 5.000 квадратни километри“
„Со цел да се врати народот во своите живеалишта, планираме на северот од Сирија да формираме безбедна зона забранета за летови, со големина од 5.000 кавадратни километри“, соопшти претседателот Ердоган.
Турскиот претседател информираше дека акциите се спроведуваат во соработка со Умерената сириска опозиција и во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, на териториите на Џарабулус ослободени од ДАЕШ, вратени се околу 30-40 илјади лица.
Зборувајќи за потребата од обновување на разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Барак Обама, за воспоставување прекин на огнот во Сирија, Ердоган изјави дека е потребно да замине Башар Ал Асад, чиј режим досега уби околу 600.000 Сиријци. Тој истакна дека е невозможно Башар Ал Асад да остане.
Претседателот на Турција, Ердоган, зборуваше за оружјето што САД им го испрати со авион на ПЈД и ЈПГ, кои се продолжеток на ПКК во Сирија. „Кога се среќаваме со нив, ни велат: ‘Тие (ПЈД и ЈПГ) се борат против ДАЕШ’. Мислам дека нема потреба да се залажуваме меѓусебно“.
- „Западот бега од одговорност“
Турскиот претседател Ердоган се осврна на своите гледишта во врска со сиријските бегалци:
„За нашите браќа бегалци потрошивме 12,5 милијарди долари. Тоа е наш човечки долг. Од друга страна, Западот бега од одговорност. Меѓународните организации досега потрошија само 520 милиони долари“.
- „Членовите на ФЕТО ги исклучуваме од јавните институции и организации“
Турскиот претседател за терористичката организација ФЕТО рече дека таа делува како „клетки на рак“.
„За опстанок на државата, од јавните институции и организации ги исклучуваме членовите на организацијата ФЕТО. Тоа е организација којашто со пуч планираше да ја преземе државата. Нејзините членови, со брзоплетиот обид за државен удар на 15 јули, самите себеси се разоткрија“.
„Ние знаевме дека се членови на таа структура, но не знаевме дека се педавници“, рече претседателот Ердоган, и истакна дека е невозможно ФЕТО да се окарактеризира како верска заедница, туку дека тоа е терористичка организација.
За наводната сличност на настаните во Турција со односот кон членовите на ИХВАН – Организација на муслиманско братство, по извршениот воен удар во Египет, претседателот Ердоган одговори:
„Сосема се различни ситуациите во Египет и во Турција. Таму министерот за одбрана од власт го симна претседателот на Египет и потоа изведе нереални и фиктивни избори, по кои ја презеде власта. Во Турција немаме таква ситуација. По мојот повик до народот на Турција, стотици илјади граѓани излегоа на улиците и им се спротивставија на авионите Ф-16. Се гордеам со својот народ“.
- Односите Анкара-Каиро
За нормализацијата на односите меѓу Анкара и Каиро, претседателот Ердоган рече дека е потребно да биде ослободен поранешниот претседател на Египет, Мухамед Мурси и сите оние што биле против пучот во Египет. „По ослободувањето на овие лица, ќе започне процесот за нормализација на односите меѓу двете земји“, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
- Претседателот на Турција, Ероган: Потребно е исламскиот свет да соработува
„Доживуваме невидено омаловажување на исламскиот свет. Турција и Саудиска Арабија се цел. Случувањата во Ирак, Тунис, Сирија, Либија, Пакистан и во Авганистан не може да бидат разгледувани одделно“.