Aybala Arpacı
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Новиот кабинет на Владата на Република Турција на чело со турскиот премиер и претседател на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) Бинали Јилдирим ја одржа својата прва седница со која претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата седница на новата турска влада одржана е во Претседателската палата во Анкара.
Потсетуваме, турскиот претседател Ердоган вчера во Претседателската палата во Анкара го прими челникот на АК Парти Јилдирим и во таа прилика го одобри составот на новата влада која Јилдирим како мандатар ја предложи. Подоцна во седиштето на владата во палатата во Чанкаја Коску приредено е примопредавањето на должноста во текот на која досегашниот турски премиер Ахмет Давутоглу ја предаде должноста на својот наследник Јилдирим.