Kemal Karadağ
27 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
КИРШЕХИР (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека денеска во Киршехир дека Турција е надеж за многумина и надвор од нејзините граници, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција Ердоган им се обрати на присутните во турскиот град Киршехир, во централниот дел на земјата.
„Турција е синоним за надеж на сите оние кои чувствуваат некаква поврзаност со овој народ, историја и цивилизација. Ние не сме само минато на нашите браќа кои ни ги доверија своите срца и надеж, туку сме истовремено и нивна иднина.“