Halil İbrahim Başer,Emrah Güney,İsmail Özdemir
21 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претсдател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција со сите сили решително се бори против тероризмот и ја повика целата нација на нова мобилизација и единство во таа борба, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган присуствуваше на манифестацијата на одбележување на Светскиот ден на шумите и претставување на новите проекти и планови на ресорното турско министерство во таа област кое планира во тековната година во 5.000 села да засади исто толку шума.
Во обраќањето на присутните Ердоган се осврна и на актуелната состојба во регионот и порача дека е јасно дека терористите сакаат да ја дестабилизираат и да ја поразат Турција и нејзиниот народ, но дека токму поради тоа Турција со решителна антитерористичка борба не ги занемарува другите области на подобрување на квалитетот на животот на нејзиниот народ и продолжува со реализација на сите развојни проекти.
„Нашата држава со сите полициски, воени, разузнавачки и други сили се бори против терористичките организации и оние кои стојат зад нив. Соочени со новите модалитети на тероризмот и ние развивме нови модалитети во борбата против тероризмот и уверен сум дека наскоро тоа ќе не донесе до целта. Доволно е само народот да остане единствен, солидарен и обединет, а токму тоа е најдобриот противотров за тероризмот", порача претседателот Ердоган.
Тој во оваа прилика ја повика целата турска нација на „нова мобилизација“ и обединување во борбата против терористите и додаде дека таа мобилизација мора да го има истиот оној дух на единство каков што беше присутен во времето на Селџуците во Анадолија, во време на битката на Галиполе и Ослободителната војна во Турција.
„Ние не браниме и спроведувме демократија, човекови права и слободи затоа што тоа Западот ни го наметнува, туку затоа што тоа го бара нашиот народ. Без оглед на провокациите на терористичките организации, ние и понатаму цврсто ќе ја браниме демократијата и слободата" , рече Ердоган.
Отфрлајќи ги сите критики кои некои кругови ја обвинуваат Турција дека е непријател на зеленилото и сечач на шуми, Ердоган рече дека Турција е апсолутно мобилизирана кога е во прашање чувањето и ширењето на зелената површина и шумите.
Истакнувајќи дека сите проекти кои ги реализирала и кои ќе ги реализира, Ердоган наведе дека Турција веќе подготвила планови како во градовите да има обезбедена вода за пиење во наредните 30,40, дури и 50 години.