Merve Özlem Çakır
25 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
АНКАРА (AA)
- Мерве Озлем ЧАКИР
Количеството на товарот кој бил управуван на пристаништата во Турција е зголемено за 15 % во последните пет години. И покрај пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), продолжува трендот на зголемување на количеството товар управуван на турските пристаништа.
Борбата со епидемијата на Ковид-19, која го зафати целиот свет, се води не само на полето на здравството, туку и на полето на економијата. Земјите ги затворија своите граници, особено на почетокот на епидемијата, по што дојде до нарушувања во транспортот и логистиката и настанаа проблеми во синџирот на снабдување. Турција, која ги почувствува ефектите на овој проблем, со преземените мерки спроведува чекори за постепено нормализирање на условите и во здравството и во економијата. Враќањето кон нормалата и во светот и во Турција придонесува за забрзување на глобалната трговија.
Според информациите што новинарот на АА ги доби од Министерството за транспорт и инфраструктура на Турција, трговијата во оваа земја не забавила, особено не во трговијата по поморските патишта, благодарение на мерките преземени против пандемијата.
Количеството товар кој бил управуван на пристаништата во Турција е зголемено за 15 % во последните пет години. Транспортот на стока која во 2016 година изнесуваше 430,2 милиони тони, се зголеми на 471,2 милиони тони во 2017 година. Во 2018 година транспортот на пристаништата изнесуваше 460 милиони тони, за да достигне 484 милиони тони во 2019 година.
Иако е забележано намалување на количеството на товарот кој е управуван на пристаништата во вториот квартал на 2020 година, во споредба со истиот квартал од 2019 година, поради епидемијата Ковид-19, благодарение на преземените мерки, количеството на вкупниот товар што е управуван на пристаништата низ Турција, на крајот од 2020 година е зголемен за 12,5 милиони тони, со што е обновен рекордот. Количеството товар управуван на пристаништата во 2020 година е зголемено за 2,6 % во споредба со претходната година и достигна 496.642.652 тони.
Количеството контејнери што биле управувани на пристаништата минатата година е зголемено за 0,3 % во споредба со претходната година и изнесува 11.626.650 TEU (Непрецизна единица еквивалентна на дваесет стопи. Често се користи за да се опише капацитетот на контејнерските бродови).
Во првите пет месеци од оваа година, количеството товар што бил управуван на пристаништата низ Турција надмина 212 милиони тони.
Додека Министерството за транспорт и инфраструктура на Турција презема различни мерки во борбата против Ковид-19 во координација со Меѓународната поморска организација (ИМО) и соодветните институции на Турција и минимизирајќи ги факторите за ризик, дејствува во согласност со променливите услови на процесот на епидемија, во исто време го одржува поморскиот транспорт, со цел да продолжи производството, вработувањата и меѓународната трговија.
Според статистичките податоци на Министерството за транспорт и инфраструктура на Турција, количеството товар (во тони) што бил управуван на пристаништата низ земјата во периодот од 2016 до 2020 година е прикажан на следната табела:
| Година | Вкупно управуван товар на пристаништата (во тони) |
| 2020 | 496.642.652 |
| 2019 | 484.168.412 |
| 2018 | 460.153.560 |
| 2017 | 471.173.896 |
| 2016 | 430.201.162 |