Özgür Alantor
19 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
КАСТАМОНУ (AA) – Заливите во турскиот град Кастамону, кој се наоѓа во Црноморскиот Регион, со својата убавина ги импресионираат посетителите од сите делови на земјата, но и од светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Кастамону се простира на брег долг околу 170 километри и е една од провинциите со најголемо крајбрежно подрачје во Црноморскиот Регион.
Дистриктите, шест на број, кои припаѓаат на градот Кастамону, сместени се на брегот кој го одзема здивот со убавината на заливите.
Меѓу нив се Гинолу, во дистриктот Чаталзејтин, Хаџивели во дистриктот Абана, Чинаралти во Бозкурт, Кајран во Доганјурт и Гидерос во Чиде.
Посетителите неретко заливите ги нарекуваат „мирно засолниште на немирното Црно Море“.
Директорот на Одделот за култура и туризам на Кастамону, Мехмет Ишак, изјави дека секој од заливите во Кастамону поседува посебни карактеристики.
Ишак рече дека заливите се „поладни засолништа“ во топлите летни денови и се природни убавини на западниот дел на Црноморскиот Регион.
Додаде дека секој залив има своја приказна и дека некои од нив потекнуваат од периодот од пред новата ера. За пример го наведе Гинолу, кој поради географската положба, уште од своето настанување, секогаш бил населено место.
Изјави дека остатоците од тврдината Гинолу потекнуваат од периодот од неколку века пред новата ера.
Ишак рече дека интересот за заливите е зголемен, откако оваа година Кастамону е прогласен за град на културата и дека е зголемен бројот на посетителите токму од градовите во Турција.
„Имаме и посетители од странство. Количеството сол во Црноморскиот Регион е мало. Бреговите ни се многу чисти и им ги препорачуваме на сите. Кастамону е место каде што се мешаат сината и зелената боја. Тука од една страна имаме шуми на Црноморскиот Регион, а од друга страна сини води. Поради тоа и нашите заливи потсетуваат на скриен рај на земјата“, додаде Ишак.
Серкан Јуксел живее во дистриктот Абана, а заливите ги посетува често.
Додаде дека многумина, за разлика од луѓето од Црноморскиот Регион, за одмор го преферираат Средоземниот или Егејскиот Регион.
„За време на летата, количеството влага е големо, а и температурите на воздухот се високи. Поради тоа е подобро да се освежиме во чистите води на Црното Море, наместо во подрачјата на југ“, смета Јуксел.