Şerife Çetin
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
БРИСЕЛ (АА) - Најголемата вежба на НАТО во Црното Море, „Sea Shield 2018“, која НАТО ќе ја реализира со седум негови сојузници, започна во главниот град на Романија, Букурешт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од извори од НАТО, вежбата се спроведува во периодот од 6 до 9 мај, и во неа учестуваат седум земји-сојузнички на НАТО: Турција, Шпанија, Бугарија, Романија, Велика Британија, Соединетите Американски Држави (САД) и Грција.
Три поморски патролни авиони, пет борбени авиони и 21 брод од Втората постојана поморска група на НАТО се дел од најголемата вежба во Црното Море наречена „Sea Shield 2018“.
- Во 2018 година НАТО планира да реализира 106 вежби -
Со овие вежби НАТО има за цел развивање на капацитетите помеѓу сојузниците за брзо и ефикасно делување.
НАТО оваа година планира да реализира 106 вежби. Се очекува сојузниците на НАТО да учествуваат во околу 180 национални и мултинационални вежби.