Sena Güler
16 Октомври 2018•Ажурирај: 17 Октомври 2018
ИЗМИР (АА) - Мултинационалната поморска вежба на НАТО, чиј домаќин е Турција, започна денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Воената вежба „Нусрет-2018“ се одржува во Измирскиот Залив во Егејското Море, со цел надградување на тимската работа помеѓу морнариците на земјите членки.
За време на брифингот за новинарите, адмиралот Ахмет Тунч Веисоглу, кој е и командант на минската флота, истакна дека вежбата, чиј домаќин е турската морнарица, се спроведува секоја година.

Веисоглу нагласи дека вежбата претставува еден вид обука за поставување и справување со мини.
Воената вежба ќе трае до 25 октомври.
„Блиските интереси и големиот степен на учество на пријателските и сојузничките земји покажуваат колку воената вежба „Нусрет-2018“ дава придонес кон заемната соработка и интероперабилноста“, истакна адмиралот Веисоглу.
Тој, исто така нагласи дека поставувањето мини, мерките против мините и пристанишните посети се трите фази од вежбата.

„Нусрет“ беше брод херој на османлиската морнарица кој имаше функција како поставувач на мини во текот на Битката на Галиполе во 1915 година.
На вежбата учествуваат команден и контролен брод од Германија и Франција; бродови ловви на мини од Бугарија, Шпанија, Италија, Турција и Грција; хидрографски брод од Романија и тимови за уништување на експлозиви од Грција и Романија.
На вежбата учествуваат и околу 52 набљудувачи, меѓу кои и од Азербејџан, Бахреин, Грузија, Катар, Јужна Кореја, Пакистан, Саудиска Арабија, Кувајт, САД, Бугарија и од Романија.