БИТОЛА (АА) - Денеска во Битола започна четвртата светска конференција за дијалог меѓу религиите и цивилизациите, која се организира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, со централна тема „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог меѓу религиите и културите“, јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето на конференцијата, која се одвива во рамките на глобалната агенда на Обединетите нации и УНЕСКО за дијалог меѓу цивилизациите и Декадата на УНЕСКО за мир меѓу културите, присуствуваа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, верски претставници, наставници и многу други.
Претседателот Иванов во своето обраќање рече дека конференцијата е посветена на две важни и актуелни теми, миграцијата и интеграцијата. Иванов истакна дека за да се одговори на овој двоен предизвик мора да се оди подлабоко.
„Да размислуваме за улогата на миграцијата во развојот на религијата, од една страна и влијанието на религијата врз миграцијата, од друга страна. За да го расветлиме овој комплекс на прашања, не е доволна само академска расправа. Треба да ги отвориме светите книги“, рече Иванов.
Тој потоа даваше примери за трите најголеми религии, како и другите религии, и објасни како нивната историја е поврзана со движењето и континуираното раселување.
„Што е заедничко за сите овие стории? Колку и да се меѓусебно различни, светските религии имаат барем едно нешто заедничко. А тоа е дека секоја од нив настанала со повик да се напушти домот, со прогонство, бегство или миграција. Основачите на светските религии биле мигранти, бегалци, прогонети, изгонети“, рече Иванов.
Претседателот Иванов рече дека според УНХЦР во светот има повеќе од 65 милиони луѓе насилно раселени лица, од кои 21 милиони се бегалци.
„Слободата во пропаднатите држави на Блискиот Исток и во Северна Африка, во сиромашните општества на третиот свет е само мисловна именка“, додаде тој.
- „Конференцијата е искрен придонес за Република Македонија“
Од друга страна, министерката за култура Канческа Милевска рече дека смета дека светската конференција за дијалог меѓу религиите и цивилизациите е вистински придонес за Република Македонија.
Kанческа Милевска истакна дека со спроведувањето на претходните конференции јасно ја покажале својата волја заедно да се изгради модел на цивилизацијата на мирот, толеранцијата, разбирањето и соживотот.
„Овие три конференции овозможија да размениме мислења и искуства, кои го потврдија потенцијалот и двигателското богатсво на различностите што треба да бидат основа за размена и нашата заедничка соработка“, рече таа.
Таа нагласи дека меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог е потреба на нашето време.
„Бидејќи денес, повеќе од кога било, во еден поинаков и неизвесен свет, не само што е потребен, но е неопходен дискурс кој ги надминува поделбите и јазичните, етничките, културните и религиозните разлики“, додаде Канческа Милевска.
- Реџепи за AA: Во Македонија не постои меѓурелигиски дијалог
Претседателот на Исламската заедница на Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи, кој најави дека институцијата што ја предводи учествувала само на првата и втората конференција за меѓуверски дијалог, во разговор за Anadolu Agency (АА) рече дека ИВЗ нема да учествува на таква конференција, затоа што, како што рече, во Македонија не постои во меѓуверски дијалог и муслиманската заедница не се почитува доволно.
Реџепи наведе неколку причини за бојкот на оваа светска конференција, со посебен акцент на реновирањето на џамијата во чаршијата на Прилеп и недозволувањето на џамијата во селото Лажец во Битола, каде што бројот на муслимански и православните жители е еднаков. Според него, преку ваквите конференции „се има за цел да се измами светот дека во оваа земја има верска хармонија, правда и демократска држава, но тука се остварува голема неправда.“
„Овде во Македонија не постои дијалог и јас не можам да се лажам самиот себе си, не можам да ја предадам институцијата и нејзините интереси, и не можам да учествувам на таа конференција, да станам инструмент на лагата и да создавам атмосфера дека овде во Македонија само млеко и мед паѓаат од небото. Во оваа држава нема дијалог. Овде имало и уште владее чудна диктатура“, рече Реџепи за АА.
Реџепи понатаму истакна дека по Втората светска конференција за меѓурелигиски дијалог присуствувал со услов да се започне со реконструкцијата на џамијата во Прилеп. Сепак, рече тој, и покрај тоа што е постигнат договор потпишан со Владата на Република Македонија за нејзино реновирање, договорот не беше спроведен.