Elena Teslova
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Владимир Путин денес положи свечена заклетва како руски претседател во Големата палата на Кремљ во Москва, одбележувајќи го официјалниот почеток на својот четврти мандат на оваа позиција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сметајте дека моја должност и значење на мојот живот е да сторам сè за просперитетот и благосостојбата на Русија“, изјави Путин на церемонијата на инаугурација.
Тој им се заблагодари на Русите за нивото на поддршка покажано на претседателските избори, и рече дека високото ниво на поддршка е важно за остварувањето на руските интереси на меѓународната сцена.
Путин вети дека ќе стори сè што е можно за да ја зголеми моќта, просперитетот и славата на Русија, додавајќи дека земјата има потреба од пробив во сите сфери.
На 18 март Путин беше реизбран за руски претседател по четврти пат. Тој ја доби изборната трка со освоени 76,69 отсто од гласовите.