Malik Hasa
16 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ТИРАНА (АА) - Силен земјторес го погоди јужниот и југоисточниот дел на Албанија, кој што се почувствува во неколку градови: Ѓирокастро, Саранда, Валона, Горица и други, но и во главниот град во Тирана, јавува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјторесот со јачина од 5.3 степени бил на границата меѓу Албанија и Грција, во близина на граничниот премин Какавија.
Во меѓувреме според првичните сознанија нема информации за повредени или причинета материјална штета.