Amina Zorniç
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
САНТИJАГО (АА) - Земјотресот со јачина од 7,7 степени по Рихтер го погоди Чиле, јавува Anadolu Agency (AA).
Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) наведува дека земјотресот е регистриран во Заливот Корковадо, на длабочина од 60 километри.
Американскиот геолошки завод регистрираше земјотрес 225 километри југозападно од градот Пуерто Монт, во јужниот дел на Чиле.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека се можни „опасни бранови на бреговите до 1.000 километри од епицентарот на земјотресот”.