Mehmet Nuri Uçar
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Амбасадорите на земјите кои гласаа за усвојување на резолуцијата на Обединетите нации (ОН) за забрана на изградба илегални еврејски населби на окупираната палестинска територија, повикани се на разговор во израелското Министерство за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Изралеските медиуми соопштија дека во министерството се повикани амбасадорите на сите 14 земји кои гласаа за усвојување на резолуцијата.
Во петокот, Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со којашто од Израел се бара да запре со изградбата и ширењето на окупираните палестински територии. Резолуцијата, која ја предложија, Малезија, Нов Зеланд, Сенегал и Венецуела, е усвоена со 14 гласови „за”, додека САД беа воздржани.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека неговата влада нема да ја признае таа резолуција и ја оцени како антиизраелска.