Gorana Jakovljevic
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
БАЊА ЛУКА (АА) - Со отворањето на гласачките места во Република Српска денеска започна референдумот во тој босанско-херцеговски ентитет во кој граѓаните до 19 часот ќе можат да одговорат на прашањето „Дали поддржувате 9-ти јануари да се одбележува и слави како Ден на Република Српска?”, јавува Anadolu Agency (AA).
Право на изјаснувањe имаат 1.219.399 граѓани на Република Српска.
Централниот изборен список е составен од страна на Републичката комисија за спроведвање на референдум, откако Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина одби да достави извод од Централниот избирачки список за Република Српска.
Одлуката за распишување на референдумот за Денот на Република Српска беше усвоен од страна на Народното собрание на Република Српска на посебната седница на 15 јули, како реакција на одлуката на Уставниот суд на БиХ во ноември минатата година.
Уставниот суд на БиХ го прогласи за неуставно одбележувањето на 9. јануари како Ден на Република Српска, по апелацијата на членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.
Распишувањето на референдумот го поддржаа пратениците на владејачката коалиција и опозицијата, а седницата пред гласањето ја напуштија претставниците на коалицијата "Татковина" во парламентот на ентитетот.
Барањето на Народното Собрание на Република Српска за преиспитување на одлуката за прогласување на 9. јануари (како Ден на Република Српска) за неуставен, Уставниот суд на БиХ го одби на својата седница одржана на 17 септември. Тогаш судот издаде привремена мерка за забрана со која забрани понатамошни активности за спроведување на референдумот.
Колегиумот на Народното собрание на Република Српска по приемот на одлуката на Уставниот суд на БиХ на состанокот одржан во средата, усвои заклучоци со кои констатира одлуката на Уставниот суд на БиХ да се спроведе и побара од Владата на Република Српска во собраниска процедура да го испрати предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за празници на РС.
Недељко Чубриловиќ, претседател на Народното собрание на Рeпублика Српска во петокот по средбата со Ларс Гунар Вигемарк, шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, изјави дека собранието по референдумот ќе пристапи кон изменување и дополнување на Законот за празници на Република Српска, во кој ќе дефинира ставови кои нема да ги навредуваат другите народи.
Рамиз Салкиќ, потпретседателот на Република Српска, ги повика Бошњаците во Република Српска да не излегуваат на референдумот и на тој начин да не учествуваат во анти-уставните и анти-Дејтонските активности, да останат мирни и достоинствени и да не наседнваат на провокации.
Републичката комисија за спроведување на референдумот најави дека првите неофицијални ќе ги објави веднаш по нивното собирање во општинските и градските комисии. Се очекува тоа да се случи во текот на ноќта.