Aldıjana Hadzıc
03 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Изложбата на мачки „Grand Prix Royal Canin“ која се одржува во Москва, собра околу десетици илјади љубители на овие домашни животни и околу две илјади учесници, јавува Anadolu Agency (AA).
Дводневната изложба традиционално се одржува од 2012 година и не е популарна само кај љубителите на мачки, туку и меѓу истражувачите и ветеринарите.
На првиот ден од изложбата, која започна вчера, беа претставени повеќе од 20 видови мачки со „висок квалитет“.
Освен што имаат можност да ги видат невообичаените видови, посетителите исто така може и да ги вдомат. Изложбата е поделена на неколку области, за играње, обука и други образовни програми за деца.