İlkay Güder
22 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин, во врска со информацијата дека американскиот режисер оскаровец Оливер Стоун сака да сними документарец за претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави: „Такво размислување има, пристигна до нас, го разгледуваме, го оценуваме. Сѐ уште немавме средба“, јавува Anadolu Agency (AA).
По Турско-рускиот граѓански форум на тема „Турско-руски односи: Обликување на иднината“, што се одржа на Универзитетот „Јилдирим Бајазит“ во Анкара, портпаролот Калин одговараше на новинарски прашања.
Во однос на веста што се појави во медиумите дека режисерот оскаровец Оливер Стоун сака да сними документарен филм за турскиот претседател Ердоган, портпаролот Калин истакна: „Извесен период се шират такви вести, ќе видиме.“
На прашањето дали имало средба со Стоун, Калин нагласи: „Средба немаше. Такво размислување пристигна до нас, го разгледуваме, го оценуваме. Сѐ уште немавме средба. Не сме разговарале за деталите. За што се работи, ќе видиме, ќе разговараме. Ја знам серијата што претходно ја снимаше за Путин. Имаше уште неколку документарци. Ќе видиме, сѐ уште нема ништо конкретно.“
На новинарско прашање дали претседателот Ердоган, во врска со локалните избори ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Бинали Јилдирим, Калин одговори: „Можно е.“
Ибрахим Калин, на прашањето дали претседателот Ердоган на лидерскиот Самит Г-20 што ќе се одржи во Аргентина, можно е да има средба со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман, бидејќи и тој ќе учествува на Самитот, одговори: „Ја разгледуваме програмата (агендата), можно е.“