Faruk Zorlu
22 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
БАЛИКЕСИР/ИЗМИР (АА) - Најмалку 113 илегални мигранти се фатени во западна Турција, соопштија денес безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Во подрачјето на Ајвалик, во западната турска област Баликесир, жандармериските единици фатија 31 мигрант од Авганистан, меѓу кои 14 деца, во обид да преминат во Грција.
Во друг случај, турската жандармерија во подрачјето на Бандирма, во областа Баликесир, фати 39 мигранти, меѓу кои 10 авганистански државјани.
Tурската Крајбрежна стража, во Чешме, во западната турска област Измир, задржа 43 илегални мигранти при обид да преминат во Грција.
Меѓу мигрантите имало државјани на Мали, Конго, Палестина и Сенегал.
Турција е главна рута за илегалните мигранти при обид да стигнат до Европа, особено по почетокот на сириската Граѓанска војна во 2011 година.