Zülfiya Yakup
14 Декември 2015•Ажурирај: 15 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Седницата на Собранието на Косово е прекината по фрлањето на солзавец и во алтернативната сала во зградата на Собранието, јавува Anadolu Agency (АА).
Солзавец е фрлен само неколку минути откако, во придружба на претседателот на Собранието, Кадри Весели, во алтернативната сала влегоа четворица опозициони пратеници, кои не беа суспендирани од страна на Претседателството на Собранието.
Солзавецот предизвика општа паника помеѓу пратениците, коишто сакаа што побрзо да излезат надвор, а просторот беше многу тесен.
Претходно пратениците на владеачката коалиција, без присуство на опозицијата, го усвоија Законот за буџетот на Косово за 2016 година. За законот по второто читање гласаа 78 пратеници.
За време на одржувањето на седницата во алтернативната сала, косовската полиција ги растера приврзаниците на опозицијата, кои ја гаѓаа зградата на Собранието на Косово со црвена боја, а припадниците на полицијата со камења. Демонстрантите со контејнери го блокираа сообраќајот на улицата која минува пред Собранието.