Zülfiya Yakup
03 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Премиерот на Косово, Иса Мустафа, на денешната седница на Владата изјави дека владејачката коалиција е подготвена да разговара со опозицијата за проблемите со кои се занимава со цел да се најде решение врз основа на законите и Уставот на Косово како и на Деловникот за работа на Собранието на Косово.
Еден ден по посетата на американскиот државен секретар Џон Кери, премиерот изрази надеж дека во Собранието веќе нема да се фрла солзавец и дека највисокиот законодавен орган на државата ќе работи во полн состав, јавува Anadolu Agencu (AA)
Мустафа рече дека владата ќе и понуди на опозицијата да седнат и да разговараат со цел изнаоѓање на решенија, сметајќи дека најдобро е за се да се дискутира во Собранието. Според него, Владата е определена да изнаоѓа решенија во рамките на институциите.
Здружената косовска опозиција скоро три месеци со солзавец ја блокира работата на Собранието. Опозицијата смета дека двата договори се штетни за Косово и дека со тоа се угрозуваат неговиот суверенитет и интегритет.
Владата на Косово денеска соопшти дека во текот на оваа година, Владата усвоила 68 предлог-закони, и дека ќе работат до 31 декември 2015 година со цел да ја комплетира својата законодавна агенда и нацрт законите во Собранието на Косово.