Besar Ademi
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
КУМАНОВО (АА) - Во организација на невладината организација "Зани" со слоганот „Со Алмир! За Правда" граѓаните на Куманово маршираа по улиците на градот барајќи правда за четиригодишното дете Алмир Алиу од Куманово, кој почина во петокот,откако намерно беше удрено со автомобил, по расправија помеѓу неговиот татко и осомничениот за убиство Бојан Илиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторите на протестите апелираа до надлежните органи на осомничениот за убиство да му биде одредена максимална казна, бидејќи како што рекоа, иднината на секое општество се децата, кога се повредува нивниот живот и интегритет, тогаш се загрозува и постоењето на општествотото.
Бекон Лимани од организацијата "Зани" побара од учесниците на протестите да се воздржат од било какво политичко или партиско дејствување и ги повика политичките партии да не го злоупотребуваат овој протест за остварување на лични цели. Тој додаде дека со овој протестот бараат заштита, спокојство, мир и просперитет, бидејќи, како што наведе,тоа е она што им недостастува на граѓаните.
„Ние се надеваме и веруваме дека сите институции кои се вклучени во процесот на спроведување на правдата, ќе бидат конструктивни во казнувањето по заслуга, односно максимална казна. Македонија уште еднаш ги тестира своите институции и владеењето на правото за сите подеднакво и без дискриминација. Максимално го поддржуваме судот, да го положи овој тест. Ако излезе деја Бобан е луд, сите ние ќе полудиме", вели Лимани.
Демонстрантите се собраа пред училиштето „Сами Фрашери" и се упатија кон Основниот Суд во Куманово, каде што протестот заврши мирно.
Четиригодишното дете, Алмир Алиу, почина во петокот на клиниката во Скопје, поради нанесените повреди од намерен удар со автомобил од страна на осомничениот Бојан Илиќ. Основниот суд во Куманово одреди 30-дневен притвор на осомничениот, кој е обвинет за кривично дело „убиство со умисла”.