A. Eda Ünlü Özen
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот и портпарол на Владата, Нуман Куртулмуш, даде своја изјава по завршувањето на состанокот на Советот на Министри по повод најавите за гласање во врска со случувањата од 1915 година и ерменските наводи во врска со тоа во германскиот парламент, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не е задача на парламентите да ги толкуваат случувањата од 1915 година. Никој нема да го уважи она што ќе го каже одреден парламент во врска со тоа, бидејќи парламентите не се задолжени да пребаруваат одредени стари белешки за историските случувања со цел да изнесат одредени нечисти расчистувања на сметки”, рече Куртулмуш.
Куртулмуш потсети на добрите односи меѓу Германија и Турција, кои се добри не само на ниво на институционална соработка, туку, како што рече, станува збор за зближување на две нации.
„Не верувам дека на германскиот парламент ќе донесе таква одлука, само за да ги задоволи амбициите на одредени политичари. Ако се усвои таква резолуција за нас тоа ќе биде само безвредно парче хартија. Како што постапувавме кога други парламенти носеа такви одлуки, така ќе постапиме повторно" , додаде заменикот-премиер на Турција и портпарол на турската Влада, Нуман Куртулмуш.
Куртулмуш изјави дека за време на состанокот биле разгледувани податоците изнесени во табелите од градовите Сур, Силопи, Џизре, Идил и Јуксекова, додавајќи: „Во овие пет града, срушени се вкупно 6.320 згради. Доколку се земе бројот на станови од истите, истиот би изнесувал приближно 11.000 стана. Износот на штетите од уривањето на објектите и трошоците за нивна санација се проценува на вкупно 855 милиони лири”.
- „Донесена главната рамка за борба против терористичката организација” -
Според изјвата на Куртулмуш, предлог одлуката на Националниот совет за безбедност (МГК) за борбата со паралелните структури преминува во друга фаза.
„Земајќи ја в предвид првично донесената предлог одлука од МГК за борба против создавањето на паралелна држава, паралелните сили беа означени како терористичка организација и според тоа главната рамка на борбата се донесе во форма на борба против терористичка организација. Сите судски единици, заедно со владата, ќе постапуваат во согласност со донесените мерки од работната рамка, без никакви отстапувања”, додаде тој.
- „Не смее да дојде до злоуботреба на ставот на Турција” -
Куртулмуш, исто така, рече дека во врска со укинувањето на визите за ЕУ на турските граѓани не треба да се омаловажува сериозноста на Турција. Сакам да нагласам дека ставовите, однесувањето и зборовите на одредени европски политичари, за одлагање, па дури и прекин на процесот на визна либерализација за Турција, во период кога успеавме да дојдеме до финалната точка за безвизен режим, за нас се неприфатливи и неразбирливи”, истакна Куртулмуш.