Hasan Esen
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ЛУКСЕМБУРГ - Турците коишто живеат во Луксембург одржаа протест на кој го осудија тероризмот и ѝ дадоа поддршка на демократијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Простетот под мотото „Осуда на тероризмот, повик за демократија“ се одржа на плоштадот Театар во Луксембург. По интонираните химни на Турција и Луксембург, започна протестот на којшто учествуваа стотици лица, а поддршка дадоа и некои невладини огранизации, предводени од Унијата на европски турски демократи.
Покрај паролите против ПКК и ФЕТО, беше извикуван и слоганот „Хероите не умираат“. Покрај турските знамиња, протестантите носеа плакати со написите: „Теророт нема јазик, вера, раса“, „ПКК=ДЕАШ=ЈПГ=ПЈД=ФЕТО“, „Престанете да го поддржувате тероризмот во Европа“.
На протестот учествуваа и сириски азиланти со знамиња на Умерената сириска опозиција. За време на протестот беше прочитана изјава за медиумите, во која беа дадени очекувањата од Европа во борбата против тероризмот.
Учесниците, со цел да ја покажат својата загриженост, во писмото до медиумите наведуваат: „Со жалење и загриженост денеска ја следиме Европа која се наоѓа во положба во која им врти грб на вредностите како што се мирот и гаранцијата на просперитетот. Веруваме дека имаме право, како дел од големото европско семејство, да го подигмене гласот против ова нарушување“.
Во изјавата се истакнуваат очекувањата од ЕУ и од европските земји во однос на демократијата, човековите права и давањето поддршка на легитимната влада.
„Ова претставува заземање принципиелен став против терористичките организации и сите институции, и сите оние кои им ја пружаат својата поддршка. ЕУ и земјите-членки кои не ја почитуваат листата на терористички организации која самата ЕУ ја изработи, немаат право да му префрлаат збор на некој друг“, стои во обраќањето.
Во продолжение на писменото обраќање се истакнува дека не е возможно на едно место да живеат демократијата и сфаќањето за поддршка на тероризмот, терористичките организации и терористите, надополнувајќи со зборовите: „Наместо да ги вдоми невините луѓе кои терористите на ПКК брутално ги убиваат, Европа ги засолнува терористите“.
Во име на Сиријците кои учествуваа на протестот, во писменото обраќање стои: „Бевме приморани да ја напуштиме сопствената татковина. Вие ни ги отворивте вашите прегратки, ни пруживте рака, ја отворивте земјата за нас и ова го направивте само вие. Ви ја испраќаме нашата благодарност“.