Ruslan Rehimov
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
БАКУ (АА) – Азербејџан бара правда за жртвите од Масакрот во Хоџали извршен од Ерменците на 26. февруари 1992 година, јавува Anadolu Agency (AA).
По распаѓање на Советскиот Сојуз, Ерменците презедоа акција за преземање на Хоџали, место, кое што го ставија под блокада во последните денови на од 1991-та година, и кое што беше од стратешко значање и го поседуваше единствениот аеродром во регионот.
Ерменците ги зачестија своите напади на 25-ти февруари 1992 година и нападнаа од три страни. Масакрот што го извршија ерменските војници во текот на ноќта, се запиша како црн белег во првите часови на 26 февруари.

Масовните убиства, откорнувањето на кожата на луѓето, обезглавувањето на луѓето, убивање на бремените жени, оштетувањето на мртвите тела, бруталните дејствувања кои што се пренесени преку сликите направени во тие денови и преку кажувањата на преживеаните, со крвави букви се запишани во историјата.
Се наведува дека 366-та моторизирана чета на руската армија која што се наоѓала во Ханкенди во тоа време, им помогнала на ерменските сили. Исто така се вели дека Ерменците го нападнале градот со топови и тенкови и дека и руските војници учествувале во нападот врз Хоџали.
Според податоците на военото Јавно Обвиинителство на Азербејџан, 18 официри и војници на 366-та чета лично учествувале во нападот.
Зборовите на тогашниот министер за Одбрана и сегашниот Претседател на Ерменија Серж Саркисјан, во неговото интервју за англискиот новинар Томас де Вал коишто гласат: „Пред Хоџали, азербејџанците мислеа дека ерменците нема да ги допрат цивилите. Ние ја скршивме таа перцепција“, се директно признание дека ерменските власти свесно го извршиле маскрот.
Случувањата во Хоџали, Азербејџан ги смета како прекршување на многу договори, како што се, Договорот на Женева во 1949, Договорот на Обединетите Нации за спречување и казнување на злосторсвото на геноцид, Договорот за цивилни и политички права, Договорот против тортура или друг вид на сурово, нечовечко или понижувачко казнување или постапување, Договорот за правата на децата, и бара да се казнат сторителите од страна на меѓународната јавност.
Министерството за надворешни работи на Азербејџан, исто така издаде соопштение во врска со оваа тема.
„Геноцидот во Хоџали треба да добие правно оценување од страна на меѓународната јавност. Работите кои што постојано се работат на национално и на меѓународно ниво ќе придонесат за ставање крај на неказнивоста и донесување на одговорните лица пред правните судови. Ја повикуваме меѓународната јавност, да го осуди ова злосторство против човештвото кое што Ерменија го изврши врз цивилите, помеѓу кои имаше и жени, стари лица и деца, и да го признае геноцидот врз Хоџали“, стои меѓу другото во извештајот на министерството.
До денес, парламентот на 15 земји и на 16 држави во САД, имаат прифатено одлуки кои што ги осудуваат случувањата во Хоџали и ги сметаат како геноцид.
- Масакрот во Хоџали
Хоџали беше градче каде што живееа 2,605 семејства, вкупно 11,365 лица на територија од 936 километри квадратни. Хоџали беше втората дестинација на ерменците кои што веќе го имаа окупирано Ханкенди кој се признава како главен град на Карабаг.
Ерменците ги окупираа сите патишта и села околу Хоџали и го прекинаа контактот на градот со другите региони. Хеликоптерот кој што беше единствениот контакт на Хоџали со другите региони беше срушен од страна на Ерменците на 28-ми јануари 1992-та година за време на неговото летање кон Шуша Агдам.
Во овој настан 44 лица го загубија животот помеѓу кои што мнозинството беа жени и деца.
Одбраната на Хоџали се состоеше само од локалните безбедносни сили и од мал број на војници од националната армија кои што поседуваа само лесно оружје, додека електричната енергија на градот беше прекината од јануари 1992 година.
Ерменците почнаа да напаѓаат во Хоџали од 3 страни на 25-ти февруари 1992 година, и со употреба на сите возила на 366-тата чета го нападнаа градот со топови и тенкови во времетраење од два часа. Еден ден по нападот, извршен е „Масакрот во Хоџали“ кој што со години нема да биде избришан од спомените.
Според официјалните податоци, во масакрот во Хоџали, го загубија животот 613 граѓани на Азербејџан помеѓу кои 106 жени, 70 старци и 63 деца. 487 лица се спасија од масакро како повредени. Ерменските сили заробија 1,275 лица, додека за 150 од нив, до денес нема никаква информација.