Admir Fazlagic
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, кој беше осуден во отсуство на 7 години затвор пред повеќе години, рано утринава бил уапсен во Белград, потврдија за Аnadolu Аgency (AA) од МВР, додавајќи дека тече постапката за неговата екстрадиција.
Даравелски е осуден во Македонија со правосилна судска пресуда дека кога бил директор на Царинската упарава ја злоупотребил службената положба и сторил финансиски малверзации на штета на буџетот.
Даравелски е уапсен после пет години откако Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија потпишаа договори за екстрадиција на сопствените државјани.