Ekipa
21 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Тереза Меј, премиерката на Велика Британија, изјави дека е уверена оти новиот претседател на САД, Доналд Трамп, ја разбира стратешката вредност на пактот на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј во изјавата за Financial Times изјави дека Трамп ја „препознава важноста и значењето на НАТО” .
Новиот претседател на САД ги алармираше европските сојузници, сугерирајќи дека НАТО можеби застарел. Тој им порача на членовите на сојузот дека мора да платат повеќе за својата одбрана и да не се потпираат многу на воениот придонес на САД.
Меј додаде дека верува оти Велика Британија може да го разработи новиот трговски договор со САД. Исто така нагласи дека очекува дека наскоро ќе се состане со Трамп во Вашингтон.