Bekim Laci
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за правда на Република Македонија, Валдет Џафери, денеска нa протоколарен состанок го прими амбасадорот на Албанија во Скопје, Фатос Река, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението од Kабинетот на Џафери, министерот за правда во текот на средбата истакна дека соработката меѓу двете земји е одлична и додаде дека неговиот ангажман ќе се движи кон тоа оваа соработка да има посебен акцент на зајакнување на заедничките приоритети и целосна имплементација на договорите постигнати досега меѓу Македонија и Албанија.
Амбасадорот Река, од неговата страна му честиташе на Џафери за новата функција како министер, откако го покани на средба со својот колега во Министерството за правда на Република Албанија.