Ekipa
06 Февруари 2016•Ажурирај: 08 Февруари 2016
АМСТЕРДАМ (AA) - Министрите на надворешни работи на ЕУ поради приливот на мигрантите кои низ балканската рута одат во земјите на Западна Европа ја разматраат можноста за пружање поголема финансиска помош во Македонија во контекст на подобра заштита на границите, јавува Anadolu Agency (AA).
Со оглед дека Грција е во неможност подобро да ги контролира мигрантите кои доаѓаат од Турција, некои земји на ЕУ сакаат да и помогнат на Македонија, која не е нејзина членка, да ги запре мигрантите на својата јужна граница пред тие да влезат во европската Шенген зона.
"Доколку Грција не е спремна или способна да ја заштити Шенген зоната и не прифати помош од ЕУ, тогаш ни е потребна втора линија на одбрана, што се секако Македонија и Бугарија", изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Зијарто, на состанокот со своите ЕУ колеги во Амстердам
Зијарто истакна дека земјите на ЕУ се "беспомошни на југ" и дека илјадници илегални мигранти дневно влегуваат на територијата на Европската унија.
Неговиот австриски колега Себастијан Курц изјави дека во Грција сеуште постои премалку совест за проблемот и дека малку земји од ЕУ се погодени со бегалската криза, додека има и змји кои што воопшто не се погодени со кризата.
Оцени дека одлуката на австиската Влада за воведување ограничувања за прифаќање на бегалците порати тоа беше апсолутно исправна. "Не сум спремен да чекам Грција да стане свесна дека е потребно решение на бегалската криза" , изјави Курц за медиумите.
Во тој контекст, австрискиот министер за надворешни работи повика на брзо делување, бидејќи Австрија оваа година очекува доаѓање на 30.000 луѓе, а во јануари беше соочена со 7.000 барања за азил.