Ekipa
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) - Во Париз денеска започна блискоисточната мировна конференција со која се планира израелско-палестинските односи да излезат од ќор-сокак и да се подигнат на повисоко ниво, јавува Anadolu Agency (АА).
Конференцијата ја отвори францускиот министер за надворешни работи, Жан-Марк Еро, кој притоа рече дека дводржавното решение е единственото можно решение, и додаде дека оваа мировна конференција е неопходна од кога било.
„Двете страни се многу оддалечени и нивниот однос е недоверлив - што претставува особено опасна ситуација Нашата колективна одговорност е враќање на Израелците и Палестинците на преговарачка маса. Знаеме дека е тешко, но дали постои алтернатива? Не, не постои“, изјави Еро.
На конференцијата присуствуваат претставници на околу 70 земји, без присуството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Ова ќе биде првпат во девет години израелско-палестинското прашање во рамките на блискоисточна мировна конференција, да се организира на вакво ниво.
Средба на Нетанјаху и Абас, последен пат забележана во 2010 година, би можела да се случи наредните седмици во Париз.
Дипломатски извори наведуваат дека официјален Париз со оваа конференција исто така сака да испрати силна порака до новоизбраниот американски претседател Трамп. Трамп и пред преземањето на функцијата претседател ќе го привлече вниманието со еден ваков меѓународен настан, како што е оваа конференција.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, соопшти дека на состанокот неговата земја ќе ја претставува амбасадата на Руската Федерација во Париз. Тој, исто така, ја понуди Москва како домаќин на израелско-палестинските преговори.
Турција ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Израелскиот премиер Нетанјаху, кој пред три дена во Париз се состана со францускиот претседател Франсоа Оланд, изјави дека е против ваква конференција и дека нема да ги прифати нејзините заклучоци.
Махмуд Абас за француските медиуми изјави дека оваа конференција може да биде последна шанса за дводржавно решение.
Оланд во изјава за медиумите пред три дена рече дека целта на оваа конференција е да се обнови меѓународната поддршка за дводржавно решение на палестинското прашање. Тој рече дека верува оти конференцијата ќе придонесе за решавање на проблемот, но дека мирот може да го постигнат само Израел и Палестина.
„Само билатерални преговори може да го решат овој проблем“, рече Оланд.
Блискоисточниот мировен процес во ќорсокак влезе во април 2014 година, под водство на САД.
Како резултат на француските настојувања во насока на признавање на Палестина, во декември 2014 година Сенатот на земјата ја усвои предлог-одлуката со која од Владата се бара да ја признае Палестина како држава. Тогашниот министер за надворешни работи на Франција, Лорен Фабиус, рече дека доколку во следните две години преговорите не дадат резултати, Франција сама ќе делува и без да губи време ќе ја признае палестинската држава.