Özkan Bilgin
07 Јуни 2018•Ажурирај: 08 Јуни 2018
ВАН (АА) - Во акцијата која Вооружените сили на Турција (ТСК) ја започнаа против припадниците на терористичката организација ПКК на северниот дел на Ирак на 11 март, досега од терористите е ослободено подрачје со површина од 400 квадратни километри, јавува Anadolu Agency (AA).

По успешно завршената операција на турските сили „Маслинова гранка“, започната против припадниците на ПКК/ПЈД во Африн, Сирија, во која се неутрализирани 4.497 терористи, слична акција е започната и на северниот дел на Ирак. Турските сили одлучно ја продолжуваат антитерористичката операција, а од 11 март се неутрализирани 155 терористи.

На пограничната територија од 23 километри ослободена од терористите, формирани се 11 базни подрачја, а турските војници и покрај неповолните теренски услови, ја продолжуваат борбата против припадниците на ПКК и го спречуваат нивниот влез во Турција.

Турските сили целосно воспоставија контрола врз тешкопристапното планинско подрачје Брадост, кое ги опфаќа Сидекан, Бермизе, Кани Раш, Авашин Басјан, како и врз камповите „Армуш“ и „Хакурк“ кои се сметаат за наводни логистички бази на ПКК зад линијата на фронтот.

Новинарот на АА дознава дека терористите на ПКК се повлекле од споменатите подрачја кон Кандил, а регионот наводно го напуштиле и високопозиционираните челници.
Војниците на турските сили кои возвраќаат на истрелите и нападите на терористите, при темелна претрага на ослободените територии, запленија поголема количина експлозиви, муниција и храна пронајдена во пештерите и засолништата.