Nuray Tunçay
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
АЛЕПО (АА) - Во воздушните напади во околината на болницата Бејан и пазар во сирискиот град Алепо, 15 лица го загубија животот, додека 20 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на цивилната заштита на Алепо, Неџип Енсари, за дописникот на АА изјави дека хеликоптер на режимот на Асад ја бомбардирал околината на болницата Бејан и еден пазар кои се наоѓаат во едно предградие на Алепо, кое е под контрола на опозицијата. Нападот бил извршен со три барел бомби. Според првичните информации, во нападот загинале 15 лица, истакна Енсари, а повредени се 20 цивили, од кои петорица се припадници на цивилната заштита.
Енсари соопшти дека меѓу загинатите има жени и деца, и додаде дека болницата е многу уништена, и не е во можност да работи.
Тој истакна дека екипите на цивилната заштита се обидуваат да пристапат до повредените кои се наоѓаат под урнатините. Во областа противпожарните екипи се обидуваат да ги згаснат големиот број пожари по нападот.