Hasan Esen,Ata Ufuk Şeker
08 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
ВАРШАВА (АА) - НАТО и Европската унија (ЕУ) потпишаа заедничка декларација за зголемување на соработката на полето на Сајбер безбедноста, поморската безбедност, одбранбена индустрија, координирани вежби, заеднички закани, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата на потпишување на декларацијата беше спроведена во Варшава за време на средбата на претседателите на држави и премиери на влади на Самитот на НАТО.
Декларацијата во име на НАТО ја потпиша нејзиниот генерален секретар Јенс Столтенберг, додека во име на ЕУ, потисник беше претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск и претседателот на Комисијата на ЕУ, Жан Клод Јункер.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг потишаната декларација ја опиша како договор од историско значење кој ќе ја зацврсти соработката меѓу НАТО и ЕУ и додаде:
„Ниту НАТО, ниту ЕУ не се во можност сами да се справат со тешкотиите со кои се среќаваат. Но заедно, имаме силен тим и средства со кои можеме да ги заштитиме нашите граѓани."
НАТО и ЕУ работејќи заедно, своите средства ќе ги користат на најефикасен начин, рече Солтенберг и истакна дека соработката денес е многу позначајна од било кога порано. „Европската унија реши да постави економски санкции кон Русија. НАТО ги прави своите најголеми чекори во формирањето на заедничка одбрана, по завршувањето на студената војна", изјави Столтнеберг.
Генералниот секретар н НАТО истакна дека продолжува заедничката акција на НАТО и ЕУ во Егејското Море во насока на спречување на илегално преминување на мигрантите.
- „ЕУ и НАТО се соочуваат со иста закана"
Претседателот на Советот на ЕУ Туск рече дена НАТО и ЕУ се соочуваат со иста закана. Туск на овие закани им придаде демократски вредности и додаде: „Во оваа нова реалност потребно е обезбедување на поголема безбедност за земјите членки на ЕУ и земјите членки на НАТО. Како лидери, наша демократска обрвска е обезбедувањето на безбедноста." Туск истакна дека Европа е потребно мудро да троши повеќе за да ги зголеми своите безбедносни капацитети, додавајќи дека ЕУ освен НАТО нема друга алтернатива за соработка.
- „Посилна Европска унија значи посилно НАТО"
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави: „Потпишаната декларација денска испраќа јасна порака. Посилна Европска унија значи посилно НАТО, посилно НАТО значи посилна Европска унија. Со оваа декларација донесовме одлука за оголема соработка меѓу ЕУ и НАТО. За зголемување на оваасоработка потребно е да ги користиме сите сретства кои ни стојат на располагање."
- Области на соработка
Декларацијата опфаќа зајакнување на способноста на двете страни кон заедничките закани и во таа насока се очекува да се направи размена на разузнавачки податоци. Зајакнувањето на поморската безбедност на НАТО и ЕУ и бегалската криза се земени во предвид со декларацијата.
Зголемување на соработката на полето на сајбер безбедноста, развој компатибилни и комплементарни одбранбени капацитети, спроведување на истражување за посилна одбранбена индустрија со поширока одбрана област. Во 2017 и 2018 година ќе бидат организирани многу заеднички вежби за чие забрзување во изведувањето на вежбите е дадена одлука за изградба на одбранбени капацитети во насока зајакнување на одбраната на јужните и источни партнери.