Şerife Çetin
12 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека силно го осудуваат нападот со хемиско оружје во Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг, на прес-конференцијата која се одржа по неговата средба со премиерот на Словачка, Питер Пелегрини, нагласи дека сите одговорни треба да одговараат за овој напад, и дека нападот во Дума е извршен во зона каде што Асадовиот режим и неговите поддржувачи, Иран и Русија, се активни.
Тој рече дека режимот и претходно користел хемиско оружје.
„Упатуваме апел до сирискиот режим и неговите поддржувачи Русија и Иран, за осигурување целосен и непречен пристап за вршење меѓународна истрага во ова подрачје, и за влез на здравствените службеници (во подрачјето)“, додаде Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО рече дека сојузниците на НАТО водат консултации во однос на одговорот за овој напад.
Во нападот со хемиско оружје извршен на 7 април врз цивилите во Дума, Источна Гута, загинаа 78 цивили.
Во Извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR), објавен на 4 април, беше наведено дека од почетокот на граѓанската војна во Сирија досега, Асадовиот режим извршил 214 напади со хемиско оржује, додека по масакрот во Хан Шејхун, извршил 11 хемиски напади.