Ruslan Rehimov
09 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес во Москва се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кремљ се наведува дека за време на состанокот меѓу Путин и Нетанјаху станало збор за настаните на Блискиот Исток, за кризата во Сирија, борбата против тероризмот и за билатералните односи меѓу Русија и Израел.
Путин истакна дека неговата земја има добри односи со Израел, а најдобар показател за тоа, како што рече, се и честите средби со премиерот Нетанјаху.
Изразувајќи задоволство од средбата со Нетанјаху во Москва, Путин ја искористи можноста да му упати честитка по повод еврејскиот празник Пурим.
Нетанјаху изјави дека односите меѓу неговата земја и Русија во областа на трговијата, културата и туризмот постојано се подобруваат.
Во текот на состанокот Нетанјаху изнесе и критики на сметка на Иран, и рече: „Иран сака да ја уништи државата Израел, но ние имаме доволно силна војска која ќе нè заштити“.