Safiye Karabacak
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
ЕРУСАЛИМ – Комитетот за изградба и планирање на општина Ерусалим, Израел, издаде одобрување за изградба на 566 нови станбени единици во источен Ерусалим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на израелското радио, одлуката за 566 нови станбени единици наменети за евреите во окупираниот источен Ерусалим е одобрена.
Во веста се вели дека станбените објекти ќе се градат во еврејските населени места Рамот, Рамат Шломо и Пискат Зиев, кои се наоѓаат во северниот дел на источен Ерусалим, а изградбата ќе започнат два дена по стапувањето на функција на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп.
- „Oдобрение за уште 11.000 станбени единици во Ерусалим“ -
Претседателот на Комитет за изградба и планирање на општина Ерусалим, Меир Тургеман, изјави дека изградбата била планирана да започне порано, но поради политички причини е одложена до стапувањето на функција на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Тургеман истакна дека општината ќе издава одобрение за уште 11.000 станбени единици во Ерусалим.