Ahmet Furkan Mercan
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили во источна Турција денес неутрализираа тројца терористи на ПКК кои подготвувале напад со автомобил-бомба, велат локални официјални претставници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тие се неутрализирани во Ѓулпинар, големо подрачје коешто се протега јужно од езерото Ван, за време на операцијата поддржана од турските воздушни сили“, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот на областа.
Според соопштеното, тројцата терористи вчера го опремиле возилото со експлозив, подготвувајќи се за напад. Возилото е неутрализирано денес, од страна на безбедносните сили.
„Во меѓувреме, двајца членови на ПКК се неутрализирани во антитерористичките операции во Кулп и во Чермик, изолирани подрачја во северниот дел на областа Дијарбакир. Друг осомничен терорист беше фатен“, се вели од канцеларијата на гувернерот.
Безбедносните сили исто така запленија оружје и муниција и уништија две засолништа и 250 килограми амониум нитрат, состојка од којашто се прави бомба.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата оружена кампања против Турција во јули 2015 година. Оттогаш, организацијата е одговорна за смртта на 1.200 припадници на безбедносните сили, како и цивили.