Elena Teslova
31 Декември 2018•Ажурирај: 01 Јануари 2019
МОСКВА (АА) - 2018 година беше обележана со зголемениот интензитет на контактите меѓу Русија и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателите на двете земји во 2018 година одржаа седум тет-а-тет состаноци и четири други на кои присуствуваа и лидери на други земји.
Тие, исто така, разговараа телефонски 18 пати.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најчест контакт имаше со рускиот претседател Владимир Путин.
Двајцата претседатели беа реизбрани во 2018 година, Путин на 18 март, а Ердоган на 14 јули. И двајцата беа меѓу првите што си честитаа меѓусебно.
Турскиот претседател упати сочувство до неговиот руски колега кога на 11 февруари се урна авион во Москва, и кога загинаа 71 лице, кога изби пожар во трговскиот центар во кој загинаа 60 лица, вклучувајќи 41 дете.
Двајцата лидери заедно спроведоа најинтензивни напори за изнаоѓање решение за сирискиот конфликт, додека Турција, Русија и Иран успеаја да спречат вооружени судири во Сирија и се осврнаа на најчувствителните прашања, како што е ситуацијата во Идлиб, која беше решена на руско-турскиот претседателски состанок на 17 септември во Сочи.
Турција одлучи да не им се придружи на мноштво европски земји за протерување на руските дипломати по нападот со гасoт сарин во Солсбери, Велика Британија.
Турција, исто така, играше посредувачка улога во спорот за Керченскиот Теснец меѓу Русија и Украина на 25 ноември.
„Работејќи заедно, Турција и Русија ќе продолжат да ја зајакнуваат безбедноста во евроазискиот регион“, рече Путин во новогодишната честитка што му ја испрати на турскиот претседател. Путин додаде и дека руската и турската соработка придонела кон мирот, безбедноста и стабилноста во регионот.
Ердоган, од своја страна, го истакна значењето на билатералните односи, изразувајќи го своето очекување дека односите меѓу Турција и Русија ќе продолжат да се подобруваат во 2019 година.