Diyar Güldoğan
31 Декември 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2019
КИЛИС (АА) - Турскиот заменик-министер за внатрешни работи, Исмаил Чатакли, за АА изјави дека се очекува уште Сиријци да се вратат во нивната татковина по антитерористичките операции во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сметаме дека бројот ќе се зголеми уште повеќе во тековниот период, паралелно со случувањата во Сирија“, изјави Чатакли.
Тој нагласи дека условите за живот се подобруваат и безбедноста во регионот е зголемена, особено по операциите на Турција „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“.
Турција спроведе две успешни прекугранични операции во Сирија од 2016 година, двете со цел отстранување на присуството на терористите на ПЈД/ПКК и на ДЕАШ во близина на турските граници.
Чатакли додаде дека над 290.000 Сиријци се вратиле во своите домови по операциите во Сирија спроведени од страна на Турција.
Тој истакна дека турските власти ги спероведуваат сите активности поврзани со Сиријците.
„Сметам дека бројот на бегалци (кои ќе се вратат во своите домови) ќе се зголеми уште повеќе кога ситуацијата таму ќе се подобри“, додаде Чатакли.
Во Сирија владее граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.