АНКАРА (АА) - СЕЛМА КАСАП - По реториката на САД за таканаречена борба против ДЕАШ преку терористичката организација ПЈД/ЈПГ, се забележува учеството на лица од различни земји во оваа терористичката организација и нејзините ограноци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, ПЈД/ЈПГ, сириски оганок на ПКК, ги освои „симапатии“ во очите на земјите од западот, откако со поддршка на САД, го поттисне нападот од страна на ДЕАШ врз Кобани, кој долго време беше под блокада, по што ПЈД/ЈПГ речиси стана „херој“ на меѓународната сцена.
„Симпатиите“ кон терористичката организација ПЈД се зголемија поради фактот дека на терен не постои некоја редовна копнена трупа која ќе се бори против ДЕАШ, и откако на јавноста и беа споделени снимките на кои се убиваат лица од западот, забележано е зголемен број на лицата во организацијата кои потекуваат од различни земји во светот. Особено Американци, Англичани, Канаѓани, Холанѓани, како и лица на земјите од далечниот исток се приклучуваат во редовите на ПЈД/ЈПГ и на ЈПЈ, таканаречена женска структура на ПЈД.
- 400 терористи од 3 континенти во редовите на ЈПГ
Во извештајот на Сириската опсерваторија за човекови права (Syrian Observatory for Human Rights - SOHR) од 11 јуни 2015 година, се наведува дека во име на борба против ДЕАШ, 400 терористи од Европа, Австралија и Америка во Рака, Хасеке и Алепо се приклучиле во редовите на ЈПГ.
Според овој извештај, Марксистичко-ленинистичката комунистичка партија (МЛКП) во мај 2015 година во градот Рас ал Ајн го формираше првиот баталјон во чии редови се приклучија голем број странци. Се истакнува дека осум припадници на МЛКП загинале во судирот со ДЕАШ во Рас ал Ајни Хасеке, меѓу кои и една државјанка на Германија.
Од друга страна, во рамките на ЈПГ се наоѓа една терористичка единица која се состои само од странци и е лансирана со името „Rojava Lions“. Се знае дека иако оваа трупа во која се наоѓааат државјани на САД, Германија, Австралија и Британија, се состои обично од „доброволци“, постои голем број платени војници кои се приклучија на оваа единица.
- Меѓу убиените терористи се наоѓаат и германски државјани
На меѓународната јавност беше одразено дека меѓу странските терористи убиени за време на судирите се наоѓа и германскиот државјанин Кевин Јохим со кодно име „Dilsoz Bahar“. Според информациите добиени од германските безбедносните служби, откриено е дека Јохим е поврзан со една екстремно лева организација во Германија.
Член на марксистичко-ленинистичката организација, Ивана Хофман, од Германија, се приклучила во редовите на ЈПГ со кодно име „Avashin Tekoshin Gunesh“.
Меѓу терористите кои учествувале во судирите и биле убиени, се наоѓаат и Ешли Џонсон и Рис Хардинг (Австралија), Кејт Брумфилд (САД), и Констандинос Скрфилд (Британија) со грчко потекло.
- Поранешните членови на американската војска во редовите на ЈПГ
Според едно истражување, голем дел од американските државјани кои се приклучиле во ЈПГ се поранешни припадници на американската војска. Според тоа, 68 отсто од американците кои се наоѓаат на редовите на ЈПГ претходно служеле во американската војска.
Иако овој детал има важност од аспект на информирање околу воената обука на терористите со американско потекло, поголемиот дел од странските терористи во редовите на ЈПГ биле пратени на фронт речиси без да имаат воено искуство.
- Странските терористи во американските медиуми
Во вестите околу странците кои се приклучиле во ЈПГ во Африн, објавени на 24 и 27 јануари 2018 година на телевизискиот канал Си-Ен-ЕН (CNN) со седиште во САД, и весникот „New York Times“, беше користен изразот „странски борец“ за тие кои дошле од повеќе земји во светот, вклучувајќи ги и борците од Франција, Британија, Америка и Кина, кои се приклучиле во редовите ЈПГ. Се тврди дека овие лица дошле во регионот со цел помагање на Курдите кои „немаат своја држава и долго време се маргинализирани“.
Исто така, во овие вести, странските терористи се нарекуваат „милици“ (припадници на милиција), и се вели дека овие лица преку интернет контактирале со претставник на ЈПГ, а потоа преку Ирак преминале во Сирија. Во овие вести се наведува дека во рамките на оваа организација се наоѓаат 150 странци меѓу кои и лица од Америка, Британија, Јапонија, Кина и Алжир.
Еден таканаречен координатор на ЈПГ задолжен за надворешни односи, минатиот декември за CNN изјави дека од 2014 година досега околу 300 странци се приклучиле во редовите на оваа терористичка организација со цел да учествуваат во вооружени активности, додека 500 странски терористи се приклучиле за да учествуваат во цивилни активности.
- Нивните ментални проблеми наведени во извештаи
Од друга страна, внимание го привлекуваат и интервјуата на голем број западни медиуми направени со странските терористи кои се приклучиле во ПЈД/ЈПГ.
Во овие интервјуа се наведува дека странските терористи истакнале оти дел од нив биле неуспешни во нивниот образовен живот и не можеле да најдат место во општествениот живот, биле во интеракција со марксистичко-ленинистички леви групи, биле обучени за месец или месец и пол откако се вклучиле во организацијата, и во овој процес, покрај обуката за оружје, тие земале обука и за политика, идеологија, историја како и курдски јазик.
Во еден извештај на „Henry Jackson Society“ со седиште во Британија, се вели дека некои лица од западот се приклучиле во ЈПГ од идеолошки побуди, некои за пари, додека некои донеле ваква одлука за да ги задоволат нивните желби за убивање луѓе, додавајќи дека тие лица имале сериозни ментални проблеми.
- Двајца европски терористи дешифрирани во операцијата Маслинова гранка
Откриено е дека двајца припадници на оваа организација од европско потекло биле неутрализирани во рамките на операцијата Маслинова гранка која се спроведува против терористичката организација ПЈД/ПКК во Африн од страна на Турските вооружени сили (ТСК).
Во информациите објавени на социјалните мрежи околу неутрализираните терористи во операцијата на ТСК која е во тек во Африн, забележани се некои личности од Европа.
Во рамките на операцијата неутрализирани се шпанецот Самуел Прада Леон со кодно име „Баран Галиција“, и французинот Оливер Франсоа Жан ле Клаинш со кодно име „Кендал Бреиз“.
Исто така, откриено е дека терористот од Холандија, Сјорд Хегер со кодно име „Баран Сасон“ кој се приклучил во ПЈД/ПКК, бил убиен за време на судирите на организацијата со војската на Башар Ал Асадовиот режим и иранските сили, реализирани на ирачката граница во источниот дел на Сирија.
- Судењето на терористите кои се вратиле во нивните земји
Земјите од западот вршат интензивно разузнавачко и правно следење на терористите кои се откриени дека се бореле за ДЕАШ, додека вршат различни практики за тие лица кои се наоѓале во редовие на ПЈД/ЈПГ и се вратиле во своите домови.
Но во февруари беше актуализирано дека еден британски државјанин кој се приклучил во ПЈД/ЈПГ, бил суден во неговата земја во рамките на законот за борба против тероризмот. Британската полициска организација, Скотланд Јард, соопшти дека поранешниот војник Џим Метјуз кој се приклучил во редовите на ПЈД/ЈПГ, ќе биде суден под обвинение за тероризам. Метјуз стана првото име меѓу Британците суден во рамките на законот за борба против тероризмот, кој наводно под изговор за борба против ДЕАШ, и се приклучил на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Се очекува одлуката што ќе ја доенсе судот да биде пример и за другите државјани на Британија кои ѝ се приклучиле на оваа организација.
news_share_descriptionsubscription_contact
