Mümin Altaş
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Припадниците на турската полиција во 274 операции во последните седум дена неутрализираа 26 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството за внатрешни работи на Република Турција, во полициските операции во земјата се убиени двајца припадници на терористичката организација ПКК, 19 терористи се предале, а петмина се уапсени. Турската полиција приведе 342 лица осомничени за помагање на терористичката организација, а 34 осомничени се задржани во притвор. Покрај тоа, во претресите се запленети 32 парчиња оружје, 35 бомби, 30 експлозивни направи од рачна изработка и мини и 780 килограми експлозив.
Во акциите на полицијата со цел за сузбивање на финансирањето тероризам, запленети се повеќе од пет тона канабис и 22 килограма хероин, како и поголема количина други наркотици во вредност од околу 10 милиони евра. Исто така, запленети се шверцувани цигари и гориво во вредност од околу три милиони евра. Приведени се и 52 криумчари на луѓе.
Во полициските акции во рамките на борбата против тероризмот, од слобода се лишени 147 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ. Од 147 приведени, во притвор се задржани 25 осомничени. Во операциите против терористичките организации ФЕТО/ПЈД се приведени 475 лица, а 116 се задржани во притвор.