??????
04 Ноември 2015•Ажурирај: 05 Ноември 2015
Портпаролот на Обединетите Нации (ООН) Стефан Дујариќ изјави дека повеќе од 123.000 луѓе се раселиле во текот на минатиот месец во сириските региони Халеп, Хама и Идлиб, јавува Anadoly Agency (АА).
Дујариќ кажа дека во периодот од 5. до 30. октомври поради воените дејствија во споменатите три регии вкупно 123.842 лица биле приморани да ги напуштат своите домови. „Патниот правец кој води од Хама до Халеп е пресечен од 23. октомври и околу 700.000 жители се изложени на голем ризик на територијата на тие градови која ја контролираат владините сили“, кажа Дујариќ и додаде дека медицинските установи и персоналот се под постојани напади во Идлиб во кој пред две седмици се изведени напади на две болници.
Војната во Сирија започна во март 2011 година, а до сега животот го изгубија повеќе од 250.000 луѓе.
Сирија стана земја која е најголем извор на бегалци во светот. Според податоците на ОН околу 3,9 милиони Сиријци пребегнале од земјата, а најмалку 7,6 милиони се раселени внатре во Сирија. Соседна Турција згрижи повеќе од два милиона сириски бегалци и стана земја со најголем број странски бегалци на своја територија.
Според податоците на ООН во Сирија моментално има 13,5 милиони луѓе на кои им е итно неопходна хуманитарна помош.