?????
04 Ноември 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
По повод националниот празник Ден на национално единство во мирна прошетка во главниот град на Русија, Москва, учествуваа над 85.000 граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
Денот на националното единство во Русија се слави како национален празник во спомен на 4 Ноември 1612 година кога Русија е ослободена од полскиот окупатор. По тој повод во Москва е организирана мирна прошетка „Ние сме едно“ на која учествуваа претставници на политичките партии, невладини и младински организации.
Московската полиција соопшти дека на собирот учествувале повеќе од 85.000 граѓани.
„Ваквите собири ја зајакнуваат свеста за заедништво и затоа сум денес тука“, кажа еден од учесниците во прошетката Артем Волков.
И Екатерина Друјинина вели дека е среќна кога гледа насмеани луѓе како мавтаат со руски знамиња и дека тоа и ги зајакнува патриотските чувства. Паралелно со тоа, и руската опозиција, исто така, најави одржување антивладин собир во Москва.