Mehmet Arif Altunkaynak
21 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
МАРДИН (АА) - Ослободени се тројцата новинари на Anadolu Agency кои во петокот беа киднапирани од страна на терористи на ПКК во местото Нусајбин, во југоисточната турска провинција Мардин, јавува Anadolu Agency (AA).
Ослободените новинари ги презедоа претставниците на Народната демократска партија (HDP) во Мардин, Али Аталан и Ферхат Курт, заедно се делегацијата.
Новинарите се одведени во полициската станица во местото Нусајбин, во Мардин, со цел да се откријат повеќе детали за овој настан.
Терористи во петокот киднапираа репортерска екипа на АА која од минатата недела била задолжана да извесува од Нусајбин. Киднапирани се новинарот Рауф Малташ (1985), фоторепортерот Онур Чобан (1980) и камерманот Кенан Јешилјурт (1983).
Новинарите се киднапирани пред два дена во текот на снимање во населбата Јенишехир и оттогаш терористите ги држеле на непозната локација. Запленета им е сета опрема.
Станува збор за искусен тим на новинари кои се обучени во областа на военото новинарство и кои досега известуваа за настаните од кризните региони во Авганистан, Египет, Либија, Тунис, Јемен, Сирија и други земји.