Can Erözden
17 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
АНКАРА (АА) - Четворица од 14-те осомничени во неодамнешните терористички напади во Анкара денеска беа ослободени од притвор, соопштија турски полициски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
За сите четворица се верува дека се поврзани со продажбата на автомобилот кој бил користен во самоубиствениот напад минатата недела, а беа уапсени во југоисточната провинција Шанлиурфа.
Останатите десет осомничени се задржани во Одделението за антитероризам на полициската управа во Анкара.
Во нападот кој беше извршен со активирање на автомобил-бомба на автобуска станица во централниот кварт на Анкара, Кизилај, во неделата, загинаа 37 лица меѓу кои и двајца терористи, а беа повредени повеќе од 120 луѓе.
Одговорноста за нападот го превзема од групата ТАК, еден од ограноците на ПКК, кој потврди дека жената која го извршила нападот била членка на групата. ТАК е огранок на ПКК, кој ја презеде одговорност за повеќето напади, чија мета беа цивили, како што беше случај во неделата во Анкара.