Admir Fazlagic
13 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Основниот суд Скопје 1 преку писмено соопштение информираше дека судијата на претходна постапка кој вчера ги распитуваше осомничените во првиот случај на СЈО "Титаник", во кој осомничените се теретат за изборна криминализација, меѓу кои се градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески не побарал притвор за ниту еден од испитаниците, јавува Anadolu Agency (AA)
"Во Основен суд Скопје 1 – Скопје од Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации вчера беа доставени два предлози за определување мерка притвор и тоа еден предлог до судија на претходна постапка од Одделот на организиран криминал и еден до судија на претходна постапка во Одделот кривично полнолетни", пишува во соопштението на Основниот суд Скопје 1.
Во соопштението се наведува дека "првиот предлог до судија на претходна постапка од оделот за организиран криминал против 8 лица за определување мерка притвор за обезбедување присуство заради непречено водење на кривична постапка Вториот предлог кај судија на претходна постапка во Одделот кривично полнолетни е за лицето И.Г. заради основано сомнение дека го сторил кривичното дело изборна измама од чл.165 в.в со чл.22 од КЗ".
Од Основниот суд Скопје еден соопштуваат дека судија на претходна постапка ценејќи ги основите за притвор наведени во предлогот на обвнителството, за секој од наведените лица поединично, во рок од 6 часа по завршување на сослушувањето, ги донесе следните решенија:
"Во однос на лицето Е.Т. се одбива предлогот за притвор и му се определува превентивна мерка, јавување во Судот во Ресен еднаш неделно. Водејќи сметка да не се применува потешка мерка за обезбедување ако истата цел може да се постигне со друга мерка, дотолку повеќе на видливата здравствена состојба на лицето. По однос на другите три лица одлуката на судија на претходна постапка е дека предлогот се одбива. Причините за оваа одлука се наведени во образложението, за кој е дозволена рок за жалба во рок од 24 часа и со оглед на тоа дека не се правосилни не може дополнително да се коментира, а кога ќе бидат правосилни ќе бидат објавени на страната на судот" , стои во соопштението.
Од судот соопштуваат дека од понеделник на распит ќе треба да се појават уште петмина осомничени. За нив адвокатите приложиле авионски билети како докази дека се на пат.