Admir Fazlagic
18 Февруари 2016•Ажурирај: 19 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Основниот Суд Скопје 1 преку својата официјална веб страница објави дека ги одби жалбите на Специјалното јавно обвинителство доставени против решенијата на судија на претходна постапка, кој го одби предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и лицата М.П и К.М, јавува Anadolu Agency (AA).
"Кривичниот совет во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, доставени против решение на судија на претходна постапка, со кое се одбива предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за лицата Е.Т.,М.Ј., М.П. и К.М ", пишува во соопштението од Основниот суд Скопје 1, при што се вели дека седонесоа решенија со кои:
"Кривичниот совет составен од тројца судии по секој поединечен предмет по жалба на обвинителството во кој како членови на совет учествуаа сите судии од Одделот за организиран криминал и корупција донесе решение со кое жалбите на обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за лицата Е.Т., М.Ј. М.П., и К.М., се одбиваат како неосновани, а решението на судија на претходна постапка се потврдува", се наведува во соопштението.
Судот извесдува дека постапувајќи по жалбите поднесени од обвинителството советот почитувајќи го законски предвидениот рок донесе решенија кои во текот на денешниот ден беа писмено изработена и експедирани до странките.
Исто така, од Основниот суд Скопје 1 информираат дека против овие решенија не е дозволено право на жалба.