СКОПЈЕ (АА) - Во знак на сеќавање на Абдула Таип Олчок и загинатите херои на 15 јули 2016 година, тројца Турци од Македонија, со своите велосипеди ќе патуваат од Скопје до Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска, професионалните велосипедисти Даим Мухарем, Левент Рифат и Беким Калиси, од домот на Олчок во Скопје, трнаа кон Турција. Овие тројца велосипедисти планираат преку Грција да пристигнат во Истанбул.
Гостиварецот Даим Мухарем (13), кој има освоено прво место во Македонија во хронометар, во категоријата У-15, веќе две години се занимава со велосипедизам. Пред тргнувањето за Турција тој изјави дека вечерта на 15 јули 2016 година, не спиел до раните утрински часови, потсетувајќи се дека во тие моменти татко му бил во Истанбул.

Истакнувајќи дека на ваква идеја дошол бидејќи го чувствувал тоа како долг кон Абдула Таип Олчок и жртвите од 15 јули, Мухарем изјави: „Една вечер разговаравме со татко ми и со него ја споделив мојата замисла да возам велосипед, во име на жртвите од 15 јули. Оваа моја идеја татко ми ја поддржа во целост.“
Охриѓанецот Левент Рифат, кој има неколку шампионски титули во Македонија, изјави дека и тој од Скопје до Истанбул ќе вози велосипед, во чест на жртвите од 15 јули и Абдула Олчок.
Рифат рече дека идејата му ја предложил Даим, кого го сака како брат. „Ме праша дали можеме да направиме нешто такво, а јас му одговорив дека би сакал да учествувам во тоа. Денеска тргнуваме на пат од Скопје до Истанбул со велосипед“, изјави Рифат.

Рифат истакна дека првиот одмор ќе го направат во Дојран, а дека по два дена возење велосипед низ Грција, планираат патот до Истанбул да го изминат за уште два дена.
Зекерија Мухарем, таткото на Даим, потсетувајќи се дека вечерта на 15 јули 2016 година бил во Истанбул, изјави дека во целост ја поддржал идејата на својот син, и потврди дека во текот на целиот пат ќе ги следат велосипедистите.
Зекерија, зборувајќи дека една вечер син му се консултирал и побарал мислење од него што би можел да направи за жртвите од 15 јули, се потсети на неговите зборови: „Подготвен сум да возам велосипед за загинатите херои, а особено за Абдула Таип Олчок“. Потоа додаде: „Ние не ги заборавивме тие денови, нема да ги заборавиме и нема да дозволиме да се заборават.“
news_share_descriptionsubscription_contact
