Umur Koçak Semiz
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
КУИТО (AA) - Бројот на смртно страдани во двата земјотреси кои во последните пет дена го погодија Еквадот зголемен е за 570 а потрагата за преживеаните трае сеуште, јавува Anadolu Agency (AA).
Функционерите наведуваат дека се продолжени акциите и спасувањата на лицата кои се погодени со земјотресот со јачина 7,8 степени по Рихтер кој го погоди Еквадор во сабота. Пацифичкиот брег Еквадор вчера го погоди земјторес со јачина од 6,1 стпени по Рихтер.
Се претпоставува дека под уртанитите се наоѓаат околу 1.000 луѓе. Патиштата се затворени што го отежнува нормалното одвивање на животот. Од сабота во Еквадор без дом останаа околу 24.000 луѓе, а под урнатините се спасени околу 4.000
Велика Британија, Ирска, Канада, Колумбија, Куба и Перу пратија помош на Еквадор по разорниот земјотрес. УНИЦЕФ наведува дека земјотресот влијаеше на повеќе од 150.000 деца.
Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот брег на Еквадор во ноќта од сабота кон недела. Напорите за спасување дополнително ги отежнува недостатокот на електрична енергија во многу области каде се урнати куќи и други објекти.